ТИМОТ НА ШКУПИ СЕ ОДМОРИ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

Балкани и Фероникели гостуваат на Чаир

Утре е закажан мечот против тимот на Балкани, а на 29. натпреварот против тимот на Фероникели.

објавено: 24 јули 2018 - 14:15

Тимот на Шкупи имаше пауза, а од вчера избраниците на Зекирија Рамадан повторно се во погон. Одработија два тренинга, еден во сала за кревање товар, еден на терен и едноставно што се вели се вратија на терен.

Европскиот пат заврши против Глазгов Ренџерс и следно што е на програмата секако е подготовката за домашниот шампионат. Таму Шкупи го чека фаворитска улога и добро е што е така. На Чаир се подготвени за тоа.

Во таа насока секако е и рабоатата за време на летниов период. Веќе за утре е најавена нова пријателска средба на домашен терен против екипата на Балкани од Косово, додека пак за 29. на Чаир гостува екипата на Фероникели исто така од Косово.

Најново во Фудбал