ВАРДАР ДРАСТИЧНО ОСЛАБЕН ЗА ДУЕЛОТ ПРОТИВ ТУРСКИОТ ГИГАНТ

Балотели се сели во Катар, нема да игра против Фенербахче

Бразилецот си заминува од редовите на македонскиот првак 

објавено: 8 август 2017 - 07:41

Вардар останува без еден од најдобрите фудбалери во составот. Џонатан Балотели си оди од редовите на македонскиот првак. Бразилскиот голгетер денеска ќе отпатува во Катар, каде ќе потпише договор со некој од тамошните прволигаши. 

Ова заминување на Балотели доаѓа во најлош можен момент. Тој нема да биде на располагање на тимот за двата дуели од плеј-офот за пласман во Лигата на Европа, против турскиот гигант Фенербахче. Балотели, минатата сезона дојде во Вардар и се истакна како еден од најдобрите играчи на Вардар. 

Одлично го одигра двомечот против Малме, а му даде гол и на Копенхаген, во квалификациите за  палсман во Лигата на шампионите. 

Најново во Фудбал