Нашиот репрезентативец дефинитивно е среќен во Шпанија

Барди: Леванте е за мене семејство, останувам тука и следната сезона

Со девет погодоци, тој е прв стрелец во тимот кој и следната сезона ќе игра во Примера дивисион

објавено: 15 мај 2018 - 11:00

Енис Барди е на „седмо небо". И даде два гола на големата Барселона, обезбеди опстанок со неговиот тим Леванте, заигра стандардно за неговиот клуб, и животот за македонскиот репрезентативец во моментов не може да биде подобар.

Тој е во центарот на вниманието во моментов на шпанските медиуми, особено за оние локалните кои се сконцентрирани на неговиот клуб. Барди е пресреќен што новиот тренер на Леванте конечно му ја даде заслужената шанса но и улога во тимот, а тоа тој на чисто шпански јазик, го изјави во десетминутното интервју за едно шпанско радио.

„Леванте за мене е семејство, и останувам тука и следната сезона" – изјави Барди помеѓу другото фалејќи ја сега и атмосферата во соблекувалната на тимот, важноста на победите во последниот период и секако желбата да продолжи да настапува за овој тим и понатаму.

Најново во Фудбал