НОВА ОДЛИЧНА ИГРА НА НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Барди повторно блесна, Леванте обезбеди опстанок

На домашен терен, Леванте ја победи Севилја, а Барди беше главен на средината од теренот

објавено: 27 април 2018 - 22:51

Енис Барди одигра одличен меч во победата на Леванте против Севилја од 2:1, во шпанското првенство. По двата гола кои ги даде во победата над Атлетик Билбао, Барди повторно беше стартер, но овојпат го одигра целиот меч. 

Македонскиот репрезентативец беше главен на средината на теренот. Речиси сите топки поминуваа низ неговите нозе, а имаше неколку фантастични дриблинзи. За разлика од пред неколку дека, Барди овојпат не погоди, но повторно блескаше. 

Со оваа победа, Леванте речиси сигурно обезбедува опстанок во лигата. Теоретски Ла Коруња може да ги стигне, но и тоа е тешко веројатно.

Најново во Фудбал