ВО ДЕБИТАНТСКАТА СЕЗОНА ЗА ЛЕВАНТЕ ОДИГРА ОДЛИЧНО, НО...

Барди сака да има двоцифрен број погодоци во новата сезона

Македонскиот репрезентативец даде девет голови во првата сезона одиграна во Примера дивисион, а посебно се прослави со головите дадени од слободен удар

објавено: 8 јули 2018 - 13:02

Македонскиот репрезентативец Енис Барди даде девет голови во првата сезона одиграна во Примера дивисион, а посебно се прослави со головите дадени од слободен удар. Сега, на стартот од подготовките за новата сезона во шпанското првенство Барди најавува дека очекува уште подобри игри во дресот на Леванте. 

„Минатата сезона дадов девет голови, а оваа сезона очекувам уште многу повеќе. Треба да се обидеме да бидеме сигурни на табелата, а не да се бориме за опстанокот до самиот крај како лани“, вели Барди, кој додава дека тренерот е тој што одлучува кога играчот ќе биде на терен, а кога на клупата. 

Според погодоците дадени од слободен удар, Барди во Шпанија заврши веднаш зад Лионел Меси од Барселона. 

Најново во Фудбал