НАСКОРО ЌЕ ГО ОБЛЕЧЕ „СИНО-БЕЛИОТ“ ДРЕС

Башким Љама на позајмица од Шкендија во Тетекс

Овој 21-годишен шпиц кој потекнува од фудбалскиот погон на Тетекс, се договори со раководството на клубот за соработка во следната година.

објавено: 1 јули 2018 - 22:14

Љама е второто засилување на Тетекс за новата сезона, тој доаѓа на позајмица од ФК Шкендија. Во неговата кариера има настапувано и за Македонија Ѓ.П, Влазрими и ФК Гостивар.

„Чест ми е и задоволство што ќе играм во дресот на Тетекс. Во следниот период ќе дадам се од себе прво да се наметнам и да ја оправдам довербата, а потоа да атакуваме чекор по чекор до врвот. Малкумина знаат дека јас потекнувам од овој клуб, и ми е многу драго што повторно се враќам во клубот во кој настапував како дете.

Прво треба да се изгради екипата, да се воигра добро, а потоа сите заедно да дадеме се од себе да донесеме успех за клубот и радост на навивачите кој воедно ги поздравувам и се надевам дека ќе бидат секогаш нашиот 12-играч", изјави за навивачкиот сајт „Напред Тетекс", Башким Љама.

Најново во Фудбал