Беласица веќе мисли на Прва лига, Македонија нов лидер на Западот

Струмичани лесно со 3:0 победија на гости кај Саса и сега имаат девет бода повеќе на врвот на табелата на Истокот

објавено: 14 април 2018 - 18:15

Лидерот во Втората лига, Исток, екипата на Беласица продолжува со одличните игри. Попладнево тие славеа со 3:0 на гости кај Саса. Здравков даде два гола во првото полувреме и тоа во 15 и 22 минута, а победата ја потврди Мирчевски со погодок во 68 минута.

Во корист на Беласица беше киксот на нивниот најголем ривал Брегалница. Штипјани ремизираа без голови против Осогово, па сега заостануваат дури девет бода зад Беласица. Погодоци немаше ниту на мечот меѓу Тиквеш и Плачковица во Кавадарци.

На Западот има нов лидер, а тоа е екипата на Македонија Ѓорче Петров. Во локалното дерби Македонија со 3:0 победи на гости кај Локомотива. Во корист на тимот од Ѓорче Петров беше и поразот на досегашниот лидер Гостивар на гости кај Тетекс (2:0). На три бода се радуваше и тимот на Струга Трим Љум откако победи со 1:0 кај Новаци.

Најново во Фудбал