ПОНУДА ЗА НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Бешикташ го „мерка“ Енис Барди

Играчот на Леванте се наоѓа на „радарот" на еден турски великан.

објавено: 25 јуни 2018 - 11:28

Станува збор за Бешикташ кој освен што е заинтересиран за услугите на Енис Барди, го „мерка" и Ален Халиловиќ кој своевремено беше дел од Барса, но за пет милиони евра се пресели во Хамбургер.

Тие се наоѓаат на агендата на популарните „црно-бели орли" и како што пренесуваат турските медиуми, продолжуваат обидите да ги донесат овие две имиња во Истанбул.

Клубот предводен од претседателот Фикрет Орман ги следеле настапите на македонскиот репрезентативец во изминатата сезона од шпанската Примера и дефинитивно имале што да видат.

Уште во првата сезона блесна нашиот интернационалец во дресот на Леванте, еден од најдобрите изведувачи на слободни удари, статистички веднаш зад Лионел Меси од редовите на Барса.

Најново во Фудбал