„РОМАНТИЧАРИТЕ“ ОДИГРАА УШТЕ ЕДНА КОНТРОЛКА

Без победник на Работнички - Домжале

објавено: 30 јуни 2018 - 21:28

Тимот на Работнички ремизираше (1-1) против словенечкиот прволигаш Домжале во шестиот пријателски натпревар во текот на летните подготовки. На теренот на Домжале, тренерот Ѓоре Јовановски повторно им даде шанса на сите фудбалери. „Романтичарите“ поведоа во 56.минута, со погодокот на Чарлс Гофри.

Во финишот, Домжале успеа да израмни со удар од белата точка. Во 77.минута, Леон Најдовски стартуваше над Николсон, а судијата покажа најстрога казна. Сенијад Ибричиќ го совлада Ристо Јанков од 11 метри, за конечни 1-1 на овој тест меч.

По ова, Работнички ги заокружува летните подготовки во Терме Чатеж и се враќа во Скопје, каде ќе се подготвува за првиот меч против Хонвед, во рамките на првото коло од квалификациите за Лигата на Европа.

ДОМЖАЛЕ – РАБОТНИЧКИ 1-1 (0-0)

Спортски парк Домжале. Стрелци: Ибричиќ 77' пенал (Домжале), Гофри 56' (Работнички). Жолт картон: Добровољц (Домжале).

ДОМЖАЛЕ: Милич, Гучек, Урбанчиќ, Жужек, Урх, Хаљета, Шипек, Добровољц, Врандечиќ, Ром, Хебај.

Уште играа: Мулалиќ, Гутиќ, Тетичкович, Клеменчич, Широк, Безјак, Ибраими, Морис, Ибричиќ, Мелњак, Николсон, Черин, Хусмани.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Тодоровски, Митрев, Борха, Херера, Стјепановиќ, Шаркоски, Ацкоски, Бопесу, Фазлиу, П. Петковски.

Уште играа: Јанков, Стевиќ, Садики, Најдовски, Додевски, Петев, Стевановиќ, Колевски, Јанкулоски, Гофри, Ф. Петковски.

Најново во Фудбал