ФАНОВИТЕ НА ВАРДАР ЕДНОГЛАСНИ

Благодарение на Самсоненко: Порано фантазиравме, а сега веруваме во европски Вардар

„Откако Самсоненко е соопственик на Вардар, ракометарите ја освоија Европа, а фудбалерите станаа дел од истата. Порано фантазирав, а сега верувам дека можеме да бидеме и шампиони. Емоциите годинава немаат цена", се дел од коментарите по победата на Вардар над Фенербахче.

објавено: 25 август 2017 - 08:00

Нема дилеми, единствениот и главен „виновник" за вардаровата револуција во Европа е соопственикот, Сергеј Самсоненко. Првиот човек на Вардар на македонската нација и ги подари најубавите спортски денови. Трпеливо и несебично вложуваше во најголемиот спортски бренд Вардар, а кулминацијата се случи ова лето.

Најпрво ракометниот тим се искачи на кровот на Европа и ја подигна шампионската титула, а синоќа фудбалскиот тим пиша историја. Вардар е првиот македонски тим кој успеал да се пласира во групната фаза во Лигата на Европа.

Токму новиот успех на Вардар ги вознемири вистинските подржувачи на овој тим. Тие преку социјалните мрежи испратија апел од Самсоненко порачувајќи дека местото му е со македонскиот народ и дека без него овие денови ќе беа само еден голем сон.

„Откако Самсоненко е соопственик на Вардар, ракометарите ја освоија Европа, а фудбалерите станаа дел од истата. Порано фантазирав, а сега верувам дека можеме да бидеме и шампиони. Емоциите годинава немаат цена", се дел од коментарите по победата на Вардар над Фенербахче.

Веднаш по пласманот во групната фаза во ЛЕ, дел од фановите испратија големо извинување до првиот човек на Вардар.

„Мора да ни простите за сите навреди што ги упативме, без вас Македонија никогаш нема да ги доживееше овие денови. Вие сте главната причина за овие среќни моменти. Господине Самсоненко вие заслужувате орден".

Вардар стана препознатлив европски бренд благодарение на Сергеј Самсоненко и тој тренд треба да продолжи и во наредните години.

Најново во Фудбал