Има за сечиј вкус и џеб

Блок билетите за европската авантура на Вардар од 25 до 50 евра

За трите натпревари на Вардар во Европа Лигата на „Филип Втори“ арената блок-билетите ќе чинат од 1400 до 3000 денари, а ако се купуваат поединечно за секој меч тогаш ќе треба да платите од 600 до 1200 денари

објавено: 30 август 2017 - 15:16

За трите натпревари на Вардар во Европа Лигата на „Филип Втори" арената блок-билетите ќе чинат од 1.400 до 3.000 денари, а ако се купуваат поединечно за секој меч тогаш ќе треба да платите од 600 до 1.200 денари.

Вардар ќе игра дома со Зенит, Реал Сосиедад и со Розенборг, трите ривали од Л групата, во своето прво учество во фаза по групи во европските натпреварувања.

Билети има за различни сектори, а цената не е повисока од 20 евра по меч, што воопшто не е скапо за европски рамки.

ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:

За блокови 1, 6, 7, 8, 9, 10, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30, блок билет за сите три натпревари ќе изнесува 1.400 денари, додека цената на единечен билет ќе биде 600 денари.

За блокови 2, 5, 14, 18, 20 и 24, цената за билетите за сите три натпревари ќе изнесува 2.200 денари, додека единечен билет ќе се продава по цена од 900 денари.

За блоковите 3, 4 и 15, 16, 17, 21, 22 и 23, блок билет за трите мечеви ќе изнесува 3.000 денари, додека цената на единечен билет ќе биде 1.200 денари.

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ВАРДАР

1. КОЛО - Вардар - Зенит (14.09.2017)

2. КОЛО - Розенборг - Вардар (28.09.2017)

3. КОЛО - Вардар - Реал Сосиедад (19.10.2017)

4. КОЛО - Реал Сосиедад - Вардар (02.11.2017)

5. КОЛО - Зенит - Вардар (23.11.2017)

6. КОЛО - Вардар - Розенборг (07.12.2017)

Најново во Фудбал