Би била одлична група

Бобан Николов: Вардар не се плаши од никого, моја желба се Арсенал, Партизан и Стеауа

Неверојатни фудбалски мигови со прекрасни успеси живее вардаровиот играч Бобан Николов. Со младата репрезентација играше на ЕП во Полска, потоа настапи и за А селекцијата, а со Вардар запиша историја и прв пласман во Европа Лигата. „Среќен сум за успесите, се надевам дека ќе продолжам во ист ритам, а сега е најважно Вардар да потврди дека може да се носи и со гигантите. Сакам група со Арсенал, Партизан и Стеауа. И атрактивна и добра за да се атакува на подвиг“, вели Николов во изјава за „Спортмедиа“

објавено: 25 август 2017 - 12:58

Неверојатни фудбалски мигови со прекрасни успеси живее вардаровиот играч Бобан Николов. Со младата репрезентација играше на ЕП во Полска, потоа настапи и за А селекцијата, а со Вардар запиша историја и прв пласман во Европа Лигата. „Среќен сум за успесите, се надевам дека ќе продолжам во ист ритам, а сега е најважно Вардар да потврди дека може да се носи и со гигантите. Сакам група со Арсенал, Партизан и Стеауа. И атрактивна и добра за да се атакува на подвиг", вели Николов во изјава за „Спортмедиа".

И веднаш го образложува изборот на групата што би била суператрактивна.

„Арсенал е најсилен клуб и според рејтингот и според фудбалскиот квалитет. На нашиот фудбал му треба ваков атрактивен ривал, кој ги пали фудбалските страсти. Англиските клубови се магнет за публиката и верувам дека доаѓањето на топчиите ќе привлече големо внимание, а и за нас играчите ќе биде посебен предизвик. Партизан е балкански клуб, а група со два ривали од нашиот регион секогаш е атрактивна. Верувам дека со нив можеме рамноправно да се носиме, а двата дуели би биле и магнет за публиката. За Стеауа ме врзуваат и емоциите, од времето кога играв во Романија. Со Виторул имам играно против нив и секогаш е убаво за ривал да имаш поранешен европски првак. Стеауа има 6-7 играчи со кои сум играл и ќе ми биде посебен мотив и да ги победам. По успесите против Малме и особено со Фенербахче, полни сме со самодоверба. Покажавме дека имаме квалитет и дека на терен не играат милионите, туку играчите. Верувам дека ќе продолжиме достојно да го презентираме нашиот фудбал на европско ниво и на дуелите во Европа Лигата“, вели Николов.

Тој се покажа како одличен прогнозер и за младинското ЕП, кога за „Спортмедија“ го типуваше составот на групата. Ги погоди Португалија и Србија, а наместо Англија, на ждрепката ја добивме Шпанија. 

 

 

 

Најново во Фудбал