Клубот од Сан Себастијан ќе има проблеми во Скопје

Болница во Сан Себастијан, против Вардар не играат и Јанузај и Зурутуза

Реал Сосиедад има многу пробеми со повредени играчи, што се одрази и на резултатите на клубот од Сан Себастијан, по одличниот старт, а речиси сигурно против Вардар во Скопје нема да играат и Давид Зурутуза и Аднан Јанузај, покрај уште неколку повредени играчи од претходно

објавено: 13 октомври 2017 - 11:20

Реал Сосиедад има многу пробеми со повредени играчи, што се одрази и на резултатите на клубот од Сан Себастијан, по одличниот старт, а речиси сигурно против Вардар во Скопје нема да играат и Давид Зурутуза и Аднан Јанузај, покрај уште неколку повредени играчи од претходно.

Вардар ќе биде домаќин на 19. октомври во четврток, во третиот меч од Л групата во Европа Лигата. Реал Сосиедад почна одлично со 4 победи, но потоа стаса пораз од Реал Мадрид и уште 3 во серија. Лошата низа беше сопрена со реми, 4:4 против Бетис, но бодот освоен во трилер меч си зеде данок со повреда на еден од највлијателните фудбалери на клубот од Баскија, Зурутуза. кој има проблем со повреда на ногата.

Од претходно покрај Зурутуза и Јанузај повредени се Карлос и Ињиго Мартинез и Иманол Агирече. 

Најново во Фудбал