ПО ОДЛИЧНИТЕ ИГРИ ВО ДРЕСОТ НА ЛЕВАНТЕ

БОМБА: Интер и ПСЖ го сакаат Барди !

Македонскиот репрезентативец летово може да напрви мега трансфер

објавено: 16 мај 2018 - 20:36

Европските гиганти Интер и Пари Сен Жермен се заинтересирани во летниот преоден рок да го купат Енис Барди од Леванте, објанува ЕСПН, а пренесуваат и останатите светски медиуми. Македонскиот репрезентативец имаше блескави настапи во дресот на Леванте, а кулминацијата му беше изминатиов викенд, кога даде два гола на гигантот Барселона, во неочекуваната победа од 5:4 на Леванте. 

Барди во јули ќе наполни 23 години, а има договор со Леванте до 2020 година, со можност за продолжување на уште две сезони. Тој дојде во шпанскиот тим за само 1,5 милиони евра од унгарскиот Ујпешт. Иако во одреден дел од сезоната, немаше доволно минутажа во Леванте, Барди со девет погодоци во 25 лигашки дуели, е прв стрелец на тимот. 

Веднаш зад Лионел Меси, Барди е вториот најдобар изведувач на слободни удари во шпанското првенство, па затоа Интер и ПСЖ решија да ги следат неговите настапи, со можност летово да го купат. 

Најново во Фудбал