СЕЛЕКТОРОТ СО ИНТЕРЕСНА ЧЕСТИТКА НА ФЕЈСБУК

Чао Италија!!! Брависимо Македонија!!!

„Дечки не сте нормални. Ве сакам“, беше коментарот на Игор Ангеловски на неговиот профил на социјалната мрежа

објавено: 7 октомври 2017 - 08:27

Историски бод. Бод против четирикратниот светски првак Италија. И тоа на негов терен и тоа сосема заслужено. Навистина вреди да се биде горд на овој резултат на македонската фудбалска репрезентација во дуелот со Италија. 

Селекторот Игор Ангеловски и дефинитивно е горд, а тоа го покажа и на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. „Чао Италија!!! Брависимо Македонија!!! Дечки не сте нормални. Ве сакам“, беше коментарот кој го остави популарниот Мрме на Фејсбук. 

 

Најново во Фудбал