Ќе ги нема на СП по 60 години

Чао Италија, Шведска патува на Мундијалот во Русија

По цели 60 години Италија нема да игра на Светско првенство, а сензација во двомечот направи Шведска. Во реваншот „Трите круни“ издржаа и одиграа без голови, па благодарение на победата од 1:0 во Стокхолм се пласираа на Мундијалот во Русија следната година

објавено: 13 ноември 2017 - 22:45

По цели 60 години Италија нема да игра на Светско првенство, а сензација во двомечот направи Шведска. Во реваншот „Трите круни" издржаа и одиграа без голови, па благодарение на победата од 1:0 во Стокхолм се пласираа на Мундијалот во Русија следната година.

Италија притискаше, но не успеа да го најде патот до мрежата и е елиминирана. Шанси имаа домаќините, но немаа рецепт за победа и по 60 години ќе бидат отсутни од СП.

И симболично последното отсуство им беше во 1958 година, кога домаќини беа Швеѓаните. Италија е втора најтрофејна нација со 4 пехари, заедно со Германија, само зад Бразил со пет круни.

Најново во Фудбал