ЧЕСТИТКИ И ОД ПРВИОТ ЧОВЕК НА УЕФА

ЧЕФЕРИН: Браво за Вардар, „луд" успех затоа што двапати го победивте Фенербахче

Вардар е хит во Европа. Никој не остана рамнодушен на големиот историски подвиг на македонскиот шампион. Пласманот во групната фаза во Лигата на Европа на „црвено-црните“ им го честиташе и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин. 

објавено: 26 август 2017 - 10:03

Вардар е хит во Европа. Никој не остана рамнодушен на големиот историски подвиг на македонскиот шампион. Пласманот во групната фаза во Лигата на Европа на „црвено-црните" им го честиташе и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Ретко кој очекуваше дека двапати Вардар ќе слави против Фенербахче. „Македонски спорт" кој беше присутен на историската ждрепка во Монако и се сретна со првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, кој му го честиташе успехот на македонскиот тим. При средбата со „Македонски спорт“ тој напомена...

„Браво за Вардар. Секоја чест. Голем успех, „луд" успех затоа што двапати го победивте Фенербахче. Честитки од мене за овој историски подвиг", вели во интервјуто за „Македонски спорт“, првиот човек на УЕФА.

Вардар во групната фаза од Лигата на Европа за противници ги доби екипите на Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг.


Најново во Фудбал