ДОАЃА ОД ТИМОТ НА НА МАКЕДОНИЈА Ѓ.П

Четврто засилување во редовите на Тетекс

Заден играч за врска, 21-годишниот Стефан Коцев во првиот дел од ланската сезона играше за ФК Локомотива, а во вториот им се придружи на „лавовите" од Ѓорче Петров.

објавено: 8 јули 2018 - 12:40

Овој фудбалер потекнува од школата на најголемиот клуб во Македонија – Вардар.

Тетекс нема да го затвори трансфер-пазарот со Коцев, туку во наредниот период ќе носи уште засилувања.

Претходно, во тимот пристигнаа Башким Љама на позајмица од Шкендија, Филип Крстевски од Локомотива и Никола Ѓорѓиевски од австриски FAV AC, пренесува навивачкиот сајт „Напред Тетекс" (napred-teteks.mk)

Најново во Фудбал