Солидно за крај

Да не биде без ич - Вардар го oсвои историскиот бод со реми против Розенборг

Вардар го освои историскиот бод во првото учество во фаза по групи во Европа Лигата, со реми, 1:1 против Розенборг во последниот меч во Л групата

објавено: 7 декември 2017 - 22:59

Вардар го освои историскиот бод во првото учество во фаза по групи во Европа Лигата, со реми, 1:1 против Розенборг во последниот меч во Л групата.

Можеше да биде и победнички крај на мечевите во Европа, откако Вардар поведе во 9. минута со голот на Итало и потоа промаши неколку зрели шанси. Голманот на гостите Хансен одбрани неколку тешки удари, а казната за утките а домаќините стаса во финишот на првиот дел. Бентнер погоди од пенал за 1:1 по првиот дел.

Во продолжението Вардар продолжи да доминира, но Хансен беше несовладлив, па на крајот двете екипи со реми го завршија настапот во Л групата. Розенборг е третопласиран со 5 бодови, а Вардар остана на последното место со еден бод во шест натпревари. Понатаму одат Зенит и Розенборг.

Најново во Фудбал