УСПЕШЕН ТЕСТ ИМАА КРАТОВЦИ

Десниќ го водеше Силекс до триумф над Гостивар

Во својот прв пријателски натпревар екипата на Силекс со резултат 2:0 го совлада Гостивар.

објавено: 12 јули 2018 - 10:00

Како дел од летните подготовки за новата натпреварувачка сезона, тимот од Кратово дојде до водство во 70. минута преку Десниќ кој дојде од редовите на ФК Скопје.

Истиот играч го постави конечниот епилог, односно по втор пат ја затресе мрежата на гостиварци во 82. минута од средбата.

Скоро нов тим се создава во Кратово, односно во составот на Силекс кој е предводен од тренерот Жикица Тасевски има вкупно 11. нови имиња.

Гостивар кој во новата натпреварувачка сезона ќе настапува во Втората лига - Запад, според најавите својот следен тест ќе го има на 18. јули на Маврово стадионот против второлигашот ГФК Тиквеш.

Најново во Фудбал