Романтичарите против белорускиот состав

Динамо Минск ќе му излезе на мегдан на Работнички

Динамо Минск ќе биде вториот противник на Работнички на патот кон пласман во фазата по групи во Европа Лигата, а двомечот е закажан за 13. и 20. јули

објавено: 6 јули 2017 - 21:28

Динамо Минск ќе биде вториот противник на Работнички на патот кон пласман во фазата по групи во Европа Лигата, а двомечот е закажан за 13. и 20. јули.

Динамо Минск го елиминира аутсајдерот Рунавик од Фарските острови, иако не беше се така мазно за Белорусите. Првиот меч во Минск заврши со минимална предност и победа на Динамо од 2:1, а реваншот денеска почна лошо за нив. Во шестата минута беше исклучен Биков, па речиси цел меч гостите играа со еден фудбалер помалку. Но и покарја бројчаната инфериорност Динамо со два гола ги разреши сите дилеми и ќе игра со Работнички.

Белорускиот состав веќе играше со наш претставник во квалификациите за ЛЕ, против Ренова и успеа да ја елиминира. Во првото квалификациско коло, Динамо дома победи со 2:1, во Скопје беше 1:1, па Белорусите минаа понатаму. Сега на ред е Работнички да се реваншира и да го елиминира повеќекратниот белоруски првак.

Најново во Фудбал