Комплименти за Скопје и Работнички

Динамо Минск: Минавме убави мигови во Скопје, благодариме Работнички (Видео)

Минавме убави мигови во Скопје и ќе направиме се за да го возвратиме гостопримството. Благодариме Работнички за одличниот третман при гостувањето Скопје, велат од Динамо Минск, пред реванш мечот во четврток во Белорусија

објавено: 17 јули 2017 - 18:24

Минавме убави мигови во Скопје и ќе направиме се за да го возвратиме гостопримството. Благодариме Работнички за одличниот третман при гостувањето Скопје, велат од Динамо Минск, пред реванш мечот во четврток во Белорусија. На официјалната клупска страница има и видеоматеријал од десетина минути од гостувањето на Динамо Минск во Скопје на дуелот со Работнички. Мечот заврши 1:1, па во реваншот за три дене ќе се одлучува за патникот во третото квалификациското коло за настап во Европа Лигата.

Погледнете го видеото.

Најново во Фудбал