„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ЈА ДОБИЈА БИТКАТА НАДВОР ОД ТЕРЕНОТ

Доби вести за Вардар: Камерунецот сепак ќе патува за Ерменија

Играчот за врска Кларенс Жуниор Битанг првично не доби ерменска виза, но потоа работите беа средени 

објавено: 7 јули 2018 - 17:50

Играчот за врска Кларенс Жуниор Битанг сепак ќе може да патува во Ерменија за дуел против Пјуник во рамките од квалификациите во Лигата на европа. Камерунецот првично не доби ерменска виза, но подоцна работите успеаа да се средат, па Вардар ќе биде посилен за неговите услуги уште на првиот меч во Ерменија. 

Од таборот на „црвено-црните“ се обидуваат да биде санирана повредата и на Јуфо, кој речиси сигурно нема да патува за Ереван.

Најново во Фудбал