Тетовци се на чекор до титулата, а имаат шанса за плус 11

Адили: Да не славиме предвреме, Академија Пандев е екипа за респект

Шкендија има комотна предност од 8 бода пред шампионот Вардар, а ако денеска од 14 часот успее да ги надигра струмичани од екипата на Академија Пандев ќе биде многу блиску до втората титула во клупската историја

објавено: 25 февруари 2018 - 08:01

Шкендија има комотна предност од 8 бода пред шампионот Вардар, а ако денеска од 14 часот успее да ги надигра струмичани од екипата на Академија Пандев ќе биде многу блиску до втората титула во клупската историја.

Сепак, тетовци се внимателни и ги респектираат гостите, а поразот во Струмица со 2:3 се уште го паметат. Академија Пандев е една од двете екипи со Вардар што успеаја да ја победат Шкендија сезонава во домашното првенство.

„Не смееме да се опуштиме предвреме. Рано е за некакво славење. Треба да играме како и досега, мудро, офанзивно на победа. Ја респектираме екипата на Академија Пандев, но ние секогаш одиме на победа“, вели Мевљан Адили.

Шкендија нема пораз на домашен терен во домашното првенство и е фаворит и денеска во меч од 21. коло против Академците на Пандев.

Во исто време од 14 часот во Битола, Победа во битка за опстанок ќе му биде домаќин на амбициозниот и доста засилен тим на Шкупи, во Кратово кај Силекс гостува Пелистер, а во Скопје на истоимениот прволигаш гостин ќе му биде Ренова.

Најново во Фудбал