ОСТАНУВА ЛИ ШКЕНДИЈА БЕЗ ЕДЕН ДЕФАНЗИВЕЦ?

Адили е пред преселба во Албанија!

Најзагреани за услугите на Мевљан Адили се Камза и Љачи, сепак Шкендија се прашува, стоперот е под договор.

објавено: 5 јануари 2019 - 19:45

Во текот на зимскиот преоден може лесно да се случи Мевљан Адили, стоперот на Шкендија, да се пресели во Албанија, во еден од тамошните прволигашки клубови. Како што велат нашите информации, за Адили најзагреани биле Камза и Љачи, уште повеќе тие испратиле и понуди. Сепак дали играчот на Шкендија ќе остане под Шара или ќе замине во Албанија, секако дека се прашува и раководството на нашиот шампион. Имено познато е дека Адили се уште е „врзан" со договор со тетовските „црвено – црни".

Кога сме кај Адили да кажеме дека ова за него ќе биде второ заминување, ако замине, од Шкендија. Тој тоа го направи во 2015 година кога се врати во Шкупи. Инаку Адили досега во својата кариера, има 24 години и е чаирско дете, покрај Шкупи и Шкендија, играл и за Ута Арад во Романија.

Најново во Фудбал