БЕА ПЛАНИРАНИ ДА ИГРААТ ВО ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ

Агим и Хусмани ќе почекаат на дебито за Шкендија

Поради лошото време, мечот меѓу Шкендија и Грасхоперс беше прекинат во 37. минута при водство на нашиот шампион од 2:0. Штета, Агим Ибраими и Зени Хусмани требаше да играат во второто полувреме

објавено: 24 јануари 2019 - 15:20

Силна Шкендија на првиот пријателски меч во Анталија против Грасхоперс, барем до таа 37.минута кога беше 2:0 за нашиот првак. Следуваше силен дожд, невреме и овој натпревар, кој требаше да биде силна проверка за тетовци, мораше да биде прекинат.

Сепак, најтажни поради прекинот беа новаците во таборот на тетовци Агим Ибраими и Зени Хусмани, кои не дочекаат да се најдат во составот на „црвено - црните". Имено тие беа планирани од страна на тренерот Ќатип Османи да влезат во игра во вториот дел, но рековме веќе, мечот мораше да се прекине во таа 37.минута при водство од 2:0. Да потсетиме дека стрелци на головите беа Диани, кој си постигна автогол во 27 секунда, и Изаир Емини во 19.минута.

Шкендија тие 37. минути ги одигра со следните единаесетмина: Захов, Мурати, Бејтулаи, Муслиу, Мици, Тотре, Алими, Шефити, Емини, Фазли, Нафиу. Во второто поолувреме требаше да играат и: Реџепи, А. Ибраими, Садриу, Зејнулаи, Хусмани, Бојку, Мерџани, Беќири, Имери, Чешмеџиев и Тодоровски.

Најново во Фудбал