И без победи се оди во Европа

Академците на Пандев го нанижаа шестото реми по ред, Силекс трет меч без победа

Силекс и Академија Пандев ремизираа без голови во премиерниот меч од 27. коло и ги продолжија сериите без победа, но и ги задржаа шансите да играат во Европа

објавено: 15 април 2018 - 17:02

Силекс и Академија Пандев ремизираа без голови во премиерниот меч од 27. коло и ги продолжија сериите без победа, но и ги задржаа шансите да играат во Европа.

Интересна низа од шест едноподруго нерешени резултати во Првата лига имаат струмичани, а и Силекс во последно време не победува. Сепак на кратовци им одговара и денешното реми без голови, бидејќи ја задржаа третата позиција со предност од 8 бода во моментов пред Работнички. Тоа трето место гарантира настап во квалификациите за Европа Лигата, што е цел на Силекс, но и на уште неколку екипи, меѓу нив и Академија Пандев.

Најново во Фудбал