Трета среќа на подготовките во Бугарија

Академците на Пандев подобри од кипарска Неа Саламис

Фудбалерите на Академија Пандев во третиот пријателски меч на подготовките во Бугарија ја забележа првата победа, а новиот македонски прволигаш славеше со 2:1 против Неа Саламис

објавено: 19 јули 2017 - 19:50

Фудбалерите на Академија Пандев во третиот пријателски меч на подготовките во Бугарија ја забележа првата победа, а новиот македонски прволигаш славеше со 2:1 против Неа Саламис.

Кипраните поведоа во 36. минута, а веднаш- потоа само 120 секунди им требаше на Академците на Пандев да израмнат на 1:1. Во вториот дел немаше голови до самиот финиш кога повторно струмичани погодија за победа од 2:1.

Академија Пандев го загуби првиот меч на подготовките во Банско, од Царско село со 1:2, а потоа и Победа беше подобра и славеше со 1:0.

 

Најново во Фудбал