Сефте во Првата лига со реми за струмичани

Академците на Пандев се опасни, Шкупи се спасуваше од пораз

Фудбалерите на Академија Пандев дебитираа во Првата лига со реми, 1:1 на жешкиот терен во „Чаир“, а домаќинот Шкупи се спасуваше од пораз во финишот

објавено: 13 август 2017 - 18:46

Фудбалерите на Академија Пандев дебитираа во Првата лига со реми, 1:1 на жешкиот терен во „Чаир", а домаќинот Шкупи се спасуваше од пораз во финишот, кога Хусеин Демири со прекрасен гол од 30 метри израмни на 1:1.

Претходно Академците поведоа со голот на Љупчо Дориев во 77. година и најавија дека ќе дебитираат во Првата лига со триумф. Сепак за да не биде сефте испит за „десетка“ се погрижи Демири со израмнувачки погодок во 89. минута.

Најново во Фудбал