ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ТАБОРОТ НА СТРУМИЧАНИ

Академија Пандев го договори Велинов!

*Искусниот офанзивец беше трансферна цел на неколку клубови, но „Пандевци" беа најбрзи. Останува уште само официјалната промоција.

објавено: 18 декември 2018 - 20:27

Стојанче Велинов (29) е ново име, прво во зимскиот преоден рок, во таборот на Академија Пандев. Како што велат нашите информации, екс фудбалерот на Трепча, Работнички, Ренова, Силекс, Брегалница, Тетекс, се договорил со челниците на струмичкиот клуб и останува сега само уште официјалната промоција.

Познато е дека Велинов беше трансферна цел на неколку наши клубови, но „пандевци" беа најбрзи и најконкретни. Инаку Академија Пандев во текот на преодниот рок има намера да се засили со уште 2-3 квалитетни имиња, целта е јасна. Напролет струмичани ќе тргна во поход на Куп титулата и најмалку задржување на третото место на табелата во првенството и историски излез во фудбалска Европа.

Најново во Фудбал