Нови три бода и зацврстување на лидерската позиција за Академија Пандев во Втората фудбалска лига. Најдобриот тим во второлигашкото друштво, даде само еден гол на гостувањето кај Новаци, но и тоа беше доволно да се радува на триумф.
Со оваа победа, Академија Пандев стигна до 40 бодови и сега има дури 13 повеќе од второпласираниот Скопје, кој одигра без голови на гости кај Тетекс. Погодоци немаше ниту на дуелот меѓу Металург и Еуромилк.
Лошиот викенд за домаќините, кои не победија на ниту еден дуел, го заокруѓи тимот на Велезарими, кој загуби со 0:2 од Вардар Неготино.
Резултати: Новаци - Академија Пандев 0:1, Металург - Еуромилк 0:0, Велазерими - Вардар Н. 0:2, Тетекс - Скопје 0:0.
Табела: Академија Пандев 37 бодови, Скопје 26, Еуромилк 25, Новаци 25, Металург 22, Турново 19, Велазерими 15, Тетекс 11, Вардар Н. 10,