Повторно ќе играат меѓусебе

Академија Пандев против Силекс втора епизода - Играат првенствен меч, мислат на купот

Академија Пандев и Пелистер ја почнаа трилогијата од мечеви во кус рок, со првиот полуфинален дуел во средата во националниот куп, а денеска пак ќе играат, но за бодови во првенството

 

објавено: 17 март 2018 - 13:30

Академија Пандев и Пелистер ја почнаа трилогијата од мечеви во кус рок, со првиот полуфинален дуел во средата во националниот куп, а денеска пак ќе играат, но за бодови во првенството.

Место за калкулации не може да има, бодовите им се неопходни на двете екипи, иако со мислите ќе бидат насочени кон реваншот во националниот куп.

Битолчани во средата победија со 2:1 и не дозволија хет-трик за „пандевци“ во меѓусебните дуели. Академија е покомотна во домашниот шампионат, има 28 бодови, за разлика од Пелистер. Битолчани грчевито се борат за опстанок, имаат само 21 бод на претпоследното место и мора да се борат на двата фронта без штедење на силите. Пелистер го брани пехарот во купот, а реваншот со струмичани, повторно на гости ќе се игра на 11. април.

Најново во Фудбал