МОМЕНТ ЗА ИСТОРИЈА ЗА СТРУМИЧКИОТ ПРВОЛИГАШ

Академија Пандев за прв пат ќе игра на Арената

„Секако дека тоа нам ни дава дополнителен мотив на денешниот дуел со Работнички" вели координаторот на стручниот штаб на „пандевци" Југо Тренчовски

објавено: 24 септември 2017 - 12:15

Денеска од 15:30 часот Академија Пандев за прв пат во својата историја ќе игра на Арената „Филип Втори". Тоа е голем настан за новиот струмички прволигаш кој во изминатите шест кола покажа дека има квалитет да игра и со најсилните екипи во нашата елита.

„Играњето на Арената нам ни дава дополнителен мотив на денешниот натпревар. Ова за нас е историја и сакаме во добро светло да се покажеме пред публиката во главниот град на Македонија. Го цениме Работнички, но ние си ја гледаме нашата шанса"вели координаторот на стручниот штаб на струмичани Југо Тренчовски.

Најново во Фудбал