РАДОСТ ЗА НОВИОТ ТРЕНЕР ДУРИ ВО ЧЕТВРТИОТ НАТПРЕВАР

Алелуја! И Вардар со Бабунски победи!

Вардар под водство на новиот стратег Бобан Бабунски по серијата од три порази, конечно победи, и тоа во Кратово со 2:0

објавено: 30 април 2018 - 14:00

Да, конечно малку радост и насмевки во редовите на екс првакот. По серијата порази од Шкендија, Победа и Работнички, Вардар под водство на новиот тренер Бобан Бабунски успеа да победи на еден првенствен меч, и тоа во Кратово и тоа со Силекс со резултат 2:0.

Не дека којзнае како тимот одигра спектакуларно но сепак не е мала работа да се победи тимот на тренерот Жикица Тасевски на негов терен. Кога сме кај Тасевски да споменеме дека дел од вината за поразот на неговиот состав тој ја побара и кај судиската тројка која не смеела да го признае голот на Попов поради прекршок над неговиот фудбалер.

Да се вратиме на Вардар. Имено ова беше прва победа на екс шампионот по долги шест кола без триумф, последен пат Вардар се радуваше на мечот со Ренова во кој триумфираше со 1:0. Тоа се случи на 17 март во рамките од 24. коло.

Најново во Фудбал