БИТОЛСКИТЕ „ЗЕЛЕНИ" СО ДВЕ НОВИ ИМИЊА

Андреј Петковски и Филип Трајчевски го засилија Пелистер

Станува збор за млади играчи,првиот е стопер и доаѓа од Плачковица а вториот е голман кој во минатиот период беше член на Струга Трим Лум.

објавено: 27 декември 2018 - 20:00

Она што и го најавуваа челниците на Пелистер, почнаа да го остваруваат. Тие се веќе активни во зимскиот преоден рок. Па така битолскиот второлигаш деновиве се засили со две нови имиња. Андреј Петковски дојде во Пелистер од тимот на Плачковица, има само 20 години, игра во стоперската линија а претходно настапуваше за прилепска Победа. Додека второто ново име е Филип Трајчевски, голман кој досега беше член на Струга Трим Лум, дете е на Пелистер е беше член и на младинската школа на Вардар.

Како што велат од канцеларијата на Пелистер, битолчани сакаат да ангажираат уште некое ново име се со цел да имаат што подобар тим за да во пролетниот дел од Втората лига – Запад имаат добра полусезона.

Најново во Фудбал