Романтичарите вторпат по ред играат локално скопско дерби

Ангелов: Можеме да го победиме и Шкупи

Работнички го победи Вардар во скопското дерби во претходното коло и сега со многу повеќе оптимизам чека ново локално дерби со Шкупи. Против Вардар блескаше повратникот Виктор Ангелов, вели дека треба да продолжи трендот на добри игри на „романтичарите"

објавено: 1 март 2018 - 20:55

Работнички го победи Вардар во скопското дерби во претходното коло и сега со многу повеќе оптимизам чека ново локално дерби со Шкупи. Против Вардар блескаше повратникот Виктор Ангелов, вели дека треба да продолжи трендот на добри игри на „романтичарите“.

„Одигравме одличен натпревар против Вардар и ја забележавме првата пролетна победа. Сега размислуваме позитивно и за следниот дуел против Шкупи и мислам дека можеме да славиме, доколку повториме едно такво квалитетно издание какво што прикажавме против Вардар. Ќе биде тежок натпревар, можеби и временските услови и теренот ќе создадат и дополнителни тешкотии, но ние сме подготвени и максимално мотивирани за да оствариме нов позитивен резултат", вели Виктор Ангелов.

Најново во Фудбал