Каков кам-бек на членот на златната генерација младинци

Ангелов: Уживав на дербито, сакам да играм во Европа со Работнички

Членот на златната генерација младинци, Виктор Ангелов имаше супер кам-бек во дресот на Работнички, а вели дека целта е со „романтичарите“ да игра и во Европа

објавено: 24 февруари 2018 - 17:17

Членот на златната генерација младинци, Виктор Ангелов имаше супер кам-бек во дресот на Работнички, а вели дека целта е со „романтичарите" да игра и во Европа.

Во втората минута убаво го проигра Себастијан Ерера, а Колумбиецот со наш пасош погоди со глава. Само 240 секунди подоцна и самиот погоди, по што дербито со Вардар веќе беше решено.

„Кој не би бил среќен со вакво враќање. Гол и асистенција во дерби меч со Вардар е како исполнување на убав сон. Ги спроведовме сите замисли на тренерот Станковски и заслужено победивме. особено е значајно што ја надминавме мини-кризата. Секогаш сум се чувствувал како дома во Работнички и среќен сум што епилогот е во наша корист. Познавам доста играчи, со дел од нив сум играл и претходно и брзо се вклопив. Но, немаме многу време за славење, бидејќи не чека нов тежок меч против Шкупи. Верувам и посакувам со Работнички да играм во еврокуповите“, вели за “Спортмедиа“ јунакот на дербито од 21. коло.

 

Најново во Фудбал