Заслужена победа на Шкупи

Ардијан Нухији: Да се победи Вардар не е мала работа

Ардијан Нухиу го надмудри својот колега од Вардар, Чедомир Јаневски и на тешкиот терен на Чаир, успеа да најде победнички рецепт со кој Шкупи го урна шампионот

објавено: 3 декември 2017 - 15:43

Ардијан Нухиу го надмудри својот колега од Вардар, Чедомир Јаневски и на тешкиот терен на Чаир, успеа да најде победнички рецепт со кој Шкупи го урна шампионот. Со евроголовите на Бајрами и на Стојковски чаирчани славеа заслужена победа од 2:0.

„Среќен сум, што е нормално. Да се победи Вардар не е мала работа. Шкупи има квалитет, тоа на овој меч го докажавме и можеме да играме дури и многу подобро. Знам дека теренот беше тежок за игра, но таков беше и за нас и за Вардар" изјави тренерот на Шкупи.

Вардар беше немоќен и буквално заглави во калта, со погрешен концепт на игра. Шампионите се обидуваа да играат со пасови по земја и му ја олеснија работата на ривалот.

„Условите за игра беа екстремно тепшки за двата тима. Ние имавме многу шанси кои не ги искористивме. Играчите на Шкупи упатија два удари и двапати погодија за победа. Не успеавме да најдеме начин како да дојдеме до домашната мрежа", вели Чедомир Јаневски.

Вардар има дебела негатива од 14 бодови зад лидерот Шкендија со два меча помалку и тешко ќе ја одбрани титулата. 

Најново во Фудбал