Арменд Алими на листата на желби на Фљамуртари

Еден од најдобрите клубови во Албанија го посакува во своите редови Арменд Алими.

објавено: 4 јуни 2018 - 11:20

Арменд Алими полека но сигурно станува интересен за трансфер пазарот кај нашиот западен сосед. Со оглед на тоа дека станува збор за еден од најдобрите играчи на шампионот и дека му истече договорот со Шкендија, нормално е да има понуди до него.

Па така Фљамуртари, еден од најдобрите клубови во Албанија имал испратено понуда до Алими со цел да го ангажира. Е сега дали Алими, кој важи за клучен играч во средниот ред на тимот на стратегот Ќатип Османи ќе остане во Тетово или ќе ја прифати понудата на Фљамуртари, останува да се види во следните неколку денови.

Најново во Фудбал