Ќе му биде ли позајмен на лутиот ривал

Асани игра во Вардар, а сонува настап за Шкупи

Јасир Асани ги вжешти страстите на релација Вардар - Шкупи со изјава за порталот „Лајм“ дека отсекогаш сонувал да игра за Шкупи и дека очекува да биде позајмен на клубот од Чаир и тоа од редовите на неговиот матичен клуб Вардар

објавено: 10 јануари 2017 - 22:17

Јасир Асани ги вжешти страстите на релација Вардар - Шкупи со изјава за порталот „Лајм" дека отсекогаш сонувал да игра за Шкупи и дека очекува да биде позајмен на клубот од Чаир и тоа од редовите на неговиот матичен клуб Вардар.

Договорот на Асани му истекува летово, а раководството на Вардар му понуди да го продолжи договорот за одлична сума за наши услови од околу 8 илјади евра месечно. Неофицијално младинскиот репрезентативец на Албанија бара речиси двојно повеќе, што е неприфатливо за Вардар, па преговорите се во мирување.

„Сакам да играм за Шкупи, бидејќи настап за клубот од Чаир сонувам уште како дете. Очекувам да бидам позајмен од Вардар во Шкупи. Сега се зависи од Вардар“, е изјавата за „Лајм“ на Јасир Асани.

Вардар и Шкупи имаат долго ривалство, уште од времето кога клубот од Чаир го носеше името Слога. Ривалитетот е огромен на двата скопски клубови, па ваквата изјава ги вжешти страстите. Асани и претходно приреди шок, кога се одлучи да игра за младата албанска селекција до 21 година, иако претходно настапуваше и за Македонија во таа возрасна категорија.

Најново во Фудбал