ПОЗНАТА „ФАЦА" НА ЦЕНТАРОТ НА „САЛЦБУРГ АРЕНАТА"

Азербејџанецот Агаев ќе и суди на Шкендија

Тоа е оној судија кој беше делител на правдата на мечот меѓу Вардар и Реал Сосиедад кој заврши со резултат 0:6

објавено: 5 август 2018 - 12:05

Алијар Агаев од Азербејџан ќе биде главен судија на мечот меѓу Ред Бул Салцбург и Шкендија во првиот меч од 3. квалификациско коло во ЛШ. Интересно е тоа што тој не е непознат за наши услови.

Но не го паметиме по добро.

Да потсетиме дека тој Агаев лани му судеше на Вардар во групната фаза од ЛЕ, и тоа Скопје кога нашиот претставник загуби дома со убедливи 0:6. Инаку во среда на Агаев помошници ќе му бидат Рза Мамадов, Зејнал Зејналов и Орхан Мамадов.

 

Најново во Фудбал