Ќе има проблем за шампионот

Бабунски го предводеше трeнингот на вардарци, Јаневски си ги бара парите според договорот

Бобан Бабунски го предводеше денешниот тренинг на вардарци и веќе нема дилеми дека тој е новиот кормилар на актуелниот шампион, но најтрофејниот клуб ќе има проблем, ако набргу не се средат работите

објавено: 16 април 2018 - 14:25

Бобан Бабунски го предводеше денешниот тренинг на вардарци и веќе нема дилеми дека тој е новиот кормилар на актуелниот шампион, но најтрофејниот клуб ќе има проблем, ако набргу не се средат работите. Сменетиот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски има договор до 2019 година и според него ќе треба целосно да му се исплати се до крајот на договорот, ако двете страни не се договорат поинаку во меѓувреме.

За такво нешто нема најави и популарниот Четка со право бара да се исполни договорот. Тој пристигна во Вардар пред клучниот двомеч со Фенербахче за пласман во Европа Лигата и успеа да испише историја заедно со играчите. Тогаш изгледаше се розово за 11-кратниот македонски првак, но сега дојде време за разделба.

Најново во Фудбал