ПОРАДИ КАРТОНИ ВАРДАР ЌЕ МОРА ПРОТИВ „ПИРАТИТЕ" ДА МЕНУВА

Бабунски на мака: Ќе мора без Хоф, Попов, Блажевски, Барсегјан..

Хамбарзумјан, Попов и Блажевски имаат црвени картони, додека Барсегјан ќе го прескокне дуелот со Скопје поради пет жолти картони

објавено: 2 мај 2018 - 11:50

Бобан Бабунски, стратегот Вардар е на мака.

Тој на денешниот дуел со Скопје, во рамките од 32.коло, не ќе може да смета на четворица клучни играчи. Тоа се „поцрвенетите" Хофанес Хамбарзумјан, Горан Попов и Дејан Блажевски, додека Тигран Барсегјан има пет жолти картони. Ова значи дека Бабунски, кој во неделата во Кратово кај Силекс успеа да дојде до првата победа како стратег на Вардар, сакал – нејќел ќе мора да им даде шанса на дел од своите млади играчи.

Најново во Фудбал