И навивачите бојкотираа

„Балистите“ исчезнаа, проблемите се наталожија во Шкендија

Навивачката група „Балисти“ денеска не беше на мечот меѓу Шкендија и Шкупи, а во прашање е бојкот и ултиматум до раководството на вицешампионот

објавено: 26 октомври 2016 - 16:38

Навивачката група „Балисти" денеска не беше на мечот меѓу Шкендија и Шкупи, а во прашање е бојкот и ултиматум до раководството на вицешампионот на Македонија. „Балистите“ барале тренерот Бруно Акраповиќ да си замине од кормилото, но тоа не се случи.

Навивачите вербално ги нападнаа играчите на Шкендија по поразот од Вардар, а особено на мета им беа голманот Костадин Захов и тренерот.

Денеска тетовци претрпеа нов пораз, овојпат од Шкупи со 0:1, а и на втор меч по ред не даваат гол на домашен терен. Акраповиќ денеска „свиреше“ по нотите на „балистите“ и го остави Захов на клупата, но навивачите пак не дојдоа и Шкендија пак загуби. Очигледно е дека тренерот калкулираше, а калкулацијата не му испадна добитна комбинација, па Акраповиќ е многу блиску до отказ во Шкендија.

Најново во Фудбал