КАКО ШТО НЕОФИЦИЈАЛНО ДОЗНАВАМЕ

Барсегјан со „ЧАО" за Вардар! Шкендија на штрек!!!

Лут дека не добива работна дозвола, повеќе лут дека клубот му должи многу пари, Ерменецот го напушти Вардар. Дали е ова првиот чекор кон трансфер во Шкендија?

објавено: 14 ноември 2018 - 09:18

Како што велат нашите неофицијални информации, се чини дека Вардар и дефинитивно го загуби Тигран Барсегјан. Имено Ерменецот лут дека не добива работна дозвола, и поради тоа еве веќе не може да игра речиси еден месец за вицепрвакот, а повеќе лут дека клубот му должи многу пари, тој им посочил на челниците на Вардар дека веќе не треба да сметаат на неговите услуги и дека тој ќе се врати во Ерменија, па одтаму ќе ги решава проблемите со кои се соочува.

ЗОШТО НЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕ РАБОТНА ДОЗВОЛА?

Инаку Барсегјан не е веќе дел од Вардар, односно не може да игра за вицепрвакот, и поради фактот дека тој од државните власти не може да добие работна дозвола. А таа дозвола не може да ја добие поради тоа што ФК Вардар не може да ги уплати, и што му е обврска, сите придонеси во однос на платите. И така целата работа се врти во круг. Барсегјан едно време беше во Ерменија, во периодот на дуелот од Лигата на Нации меѓу Македонија и неговата земја минатиот месец. Но потоа се врати во Скопје каде само тренираше без да има право да настапи. Секако дека и него му „пукнал" филмот и затоа се решил на ваков чекор.
Секако дека оваа информација е неофицијална, чекаме реакција на челниците на ФК Вардар. Се говори дека тој завчера ја напуштил во Македонија и дека сега е во Ерменија.

СЕГА Е ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ШКЕНДИЈА!?

Ова значи дека репрезентативецот на Ерменија, еден од најдобрите напаѓачи во Првата лига и есенва најдобар фудбалер на Вардар, додека играше, е чекор поблиску до трансфер во Шкендија. Не е тајна дека на шампионот, по повредите на Ибраими и Жуниор, и тоа како му се потребни екстра напаѓачи, дека се преговарало со него уште во август но тетовци не се пласираа во групната фаза во Лигата на Европа и тој трансфер тогаш пропаднал. Сега „приказната" е поинаква, ако Барсегјан успее да се „ослободи" од Вардар без да клубот бара отштета за него, тогаш Шкендија и тоа како би го „зграпчила". Рековме веќе, на тетовци им е потребен таков профил на напаѓач. И тоа е таа втора „трансфер бомба" оваа зима на Шкендија како што најавивме минатата недела. Првата веќе „пукна", таа е враќањето на Агим Ибраими во Шкендија по цели 12-13 години. Во секој случај ќе биде интересно во претстојниот преоден рок.

Најново во Фудбал