Прилепчани го одложија стартот на зимски подготовки за утре

Бавно, ама сигурно - Победа уште е во зимски сон

Победа го одложи стартот на зимските подготовки и наместо денеска, првиот собир е закажан за утре

објавено: 10 јануари 2018 - 14:25

Победа го одложи стартот на зимските подготовки и наместо денеска, првиот собир е закажан за утре. Прилепчани имаат финансиски проблеми, но и кадровски, бидејќи неколкумина стандардни играчи веќе си заминаа.

Меѓу нив се Најдоски, Илиевски, Илијовски, Шаркоски, Мустафов, Маневски, а се најавуваат уште неколку разделби на фудбалери, кои си најдоа нови клубови.

Утре се очекува тренерот Бубања и неговите соработници да го предводат првиот собир и тренинг како загревање за пролетниот дел од сезоната.

Најново во Фудбал