ТОДОРОВСКИ ПОВТОРНО ВО СОСТАВОТ НА РАБОТНИЧКИ

Баже со нетрпение го чека дербито со Вардар

„Да, едвај чекам да почне дербито со соседот. Моето враќање во Работнички сакам да го прославам со победа, иако Вардар има одличен тим и треба максимално да се респектира" вели Баже Тодоровски.

објавено: 21 септември 2018 - 20:00

Баже Тодоровски, по престој од 3.5 години во Шкендија, пред две недели се врати во Градски парк и до крајот на декември ќе игра за Работнички.

„Паметам дека кога јас играв за Работнички обично имавме добри резултати против Вардар на тие соседски дербија. Да, едвај го чекам дербито со соседот. Моето враќање во Работнички сакам да го прославам со победа, иако Вардар има добар тим и треба максимално да се респектира. Лично посакувам и навистина да се одигра еден добар натпревар, знам дека и двете екипи имаа големи мотиви, меч кој треба да биде вистинско уживање за сите кои утревечер ќе дојдат на Арената и ќе го проследат дуелот меѓу Работнички и Вардар" изјави за „Спортмедиа" Баже Тодоровски во пресрет на новата скопска пресметка, која е закажана утре со почеток во 19 часот на Арената „Филип Втори".

Најново во Фудбал