„ГИПСАРИТЕ“ СО ПРАЗНА ТРЕНЕРСКА КЛУПА

Беќири поднесе оставка, Ренова не му ја прифаќа!

Како што дознаваме, по мечот со Беласица, Јетон Беќири поднел оставка, тој веќе два дена не оди на тренинзи, но раководството на „гипсарите" не сака да ја прифати.

објавено: 25 септември 2018 - 16:40

Останува ли Ренова без својот стратег Јетон Беќири? Имено како што дознаваме, по натпреварот со Беласица, во кој Ренова загуби со 0:2, еден од нашите најдобри тренери си поднел оставка.

Тој веќе два дена не оди на тренинзи, но интересно е тоа што раководството на Ренова не сака ни да чуе да остане без Беќири.

Едноставно не сака да ја прифати понудената оставка. Па така сеуште не се знае кој ќе ја води екипата на утрешниот меч со Академија Пандев во Турново.

Најново во Фудбал