СТРУМИЧАНИ СЕГА СЕ ЛИДЕРИ НА ВТОРАТА ЛИГА-ИСТОК

Беласица без мака со кавадарчани

Беласица со 3:1 го совлада тимот на Тиквеш во заостанатиот натпревар од Втората лига-Исток во меч на „Младост" во Струмица

објавено: 12 септември 2017 - 17:44

Домаќините поведоа преку Радојчиќ во 14. минута, Костовски го удвои водството во 20. минута за со 2:0 да се замине на полувреме. Гостите намалија на 2:1 во 65. минута, пред Трајковски да го постави конечниот резултат во 80. минута.

Со трите поени, Беласица е на првото место во лигата со максимални 6 поени и 5:2 гол-разлика.

Најново во Фудбал