СТРУМИЧАНИ ПРАВАТ СИЛЕН ТИМ

Беласица ги договори Балдовалиев и Милушев

Искусниот напаѓач се враќа во својот матичен клуб, додека Александар Милушев ја засилува левата бековска линија на новиот прволигаш

објавено: 24 мај 2018 - 14:13

Беласица и нејзиното раководство не се шегувааат. Струмичани ги договорија Зоран Балдовалиев и Александар Милушев. Играчи кои и тоа како ќе го засилат тимот кој во наредната сезона ќе игра во Прва лига.

Откако си замина од А. Пандев, еден од најдобрите стрелци во Лигата Зоран Балдовалиев, се договори со Беласица. Тоа значи дека Балдовалиев по долги години се враќа во својот матичен клуб.

Александар Милушев, некогашен фудбалер на Хоризонт Т, Работнички, Металург, има и интернационана кариера и секако дека ќе ја засили левата бековска линија. Беласица покрај овие две имиња преговара и со Стојков, Гуцев, Вујанац но и со уште неколку проверени прволигашки фудбалери.

Најново во Фудбал